Словенија и донира „југословенски“ тенкови на Украина

by Фокус

Словенија на Украина и донира 35 оклопни амфибиски возила БВП М80А, произведени во поранешна Југославија.

Возилата со железница веќе се испратени во Полска и Украина.

Словенија во договор со САД, за донацијата во Украина од американската Влада ќе добие средства за купување на оружје и опрема за словенечката војска.

САД ќе донираат поголема сума од проценетата опрема што е испратена во Украина.

Деконзервација на оклопните возила траеше неколку недели, а испраќањето помош на украинската армија досега наидуваше на логистички тешкотии поради ставот на Унгарија дека не дозволува транспорт на оружје за Украина преку нејзина територија.

Словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец истакна дека Љубљана со донацијата го исполни ветувањето за Украина и придонесе за нејзината одбрана.

Поврзани новости