Словенија денеска ќе прогласи крај на епидемијата

by Fokus

Словенија се очекува денеска да прогласи крај на епидемијата на коронавирус, откако значително падна бројот на новозаразени.

Во изминативе денови во Словенија се регистрирани само 24 нови случаи на коронавирус од 1.023 тестирани лица, што е 2,3 проценти од позитивните резултати.

Поради овој, Владата на Словенија одлучи да не ја продолжи состојбата на епидемијата од денеска, 15 јуни, но уште некои епидемиолошки мерки ќе останат на сила.

Поврзани новости