Словенечкиот премиер укажа на проблеми во коалицијата

by fokus

Словенечкиот премиер Марјан Шарец денеска во Парламентот изјави дека неговата владина коалиција се соочува со проблеми, кои би можеле да значат „почеток на крајот“ доколку не се дојде до компромисни решенија.

– Во коалицијата има пет партии и тешко е сите да се усогласат, изјави Шарец на почетокот на парламентарната расправа за буџетите за следните две години, околу што дојде до тензии во коалицијата.

Шарец оцени дека доколку нема подготвеност за компромис, има други опции. На својот Фејсбук профил Шарец вчера ја спомна опцијата за формирање друга коалиција.

Поврзани новости