Словачката Влада нареди да се затворат училиштата

by fokus

Словачката Влада нареди да се затворат училиштата и повеќето продавници во следните три недели, бидејќи бројот на новозаразени со корона вирусот продолжува да расте, изјави денеска словачкиот министер за здравство Марек Крајчи.

Покрај тоа, од 11 декември ќе биде забрането седење во кафулиња и ресторани, дури и на отворени тераси, но доставувањето храна ќе биде дозволено.

Од 14 декември во Словачка ќе биде задолжителен негативен тест за Ковид-19 за сите гости на хотелите и ски-лифтовите во скијачките центри, а од 28 декември ќе се наложи редовно тестирање во сите поголеми словачки компании. 

Поврзани новости