Словачка воведува карантин за невакцинирани патници

by fokus

Загрижена за новите варијанти на коронавирусот, Словачка драстично ги заострува правилата за влез во земјата.

Од 9 јули, сите невакцинирани лица ќе треба да бидат во задолжителен карантин од 14 дена, според новата извршна наредба на владата.

Одлуката се однесува на сите, без разлика на земјата од која патниците доаѓаат.

Најрано на петтиот ден ќе биде можно да се направи PCR коронавирусен тест за лицето да се ослободи од карантин.

Патниците кои биле целосно вакцинирани пред најмалку 14 дена се ослободени од карантин.

Транзитните патници се ослободени од карантин, меѓутоа мора да се држат до однапред дефинирани патеки на движење.

Поврзани новости