Словачка става „катанец“ на границите за спречување на корона вирус

by fokus 12:13
12:13

Словачка ги затвори копнените граници како дел од мерките за спречување на ширењето на новиот корона вирус, со што се суспендирани нормалните правила на Шенген зоната.

Словачка од денеска наутро воведува проверки на граничните премини на сообраќајот од сите соседни земји, освен од Полска.

Патниците кои не можат да докажат за престој во земјата или да покажат валиден словачки пасош, ќе бидат вратени назад, потврди портпаролот на Министерството за внатрешни работи.

По затворањето на своите аеродроми на почетокот од оваа недела, Словачка ги прекина меѓународните железнички и автобуски врски со сите шест свои соседи, од кои четири припаѓаат на Шенген.

Од синоќа, Словачка потврди 21 случај на заразени со корона вирусот и нема смртни случаи.

Поврзани новости