Словачка протера руски дипломати поради шпионажа

by fokus

Словачка протера тројца руски дипломати поради сомнение дека се занимавале со шпионажа.

Портпаролот на словачкото Министерство за надворешни работи Јурај Тамага во изјава за весникот „Деник Н“ ја потврди информацијата. Словачки медиуми јавуваат дека руските дипломати биле прогласени за „персона нон грата“ уште на 6 август.

Руското МНР денеска соопшти дека на овој чекор на Словачка ќе возврати со иста мера.

„Традиционално, ќе одговориме со иста мера“, соопшти МНР на Русија.

Поврзани новости