Слободан Богоески се појави, но „Маџар Телеком“ се одложи

by fokus

Поранешниот разузнавач, Слободан Богоески се појави како сведок на судењето за „Маџар Телеком“, но судењето се одложи бидејќи судијката, Ленка Давиткова, која го води овој случај била во Стразбур.

Случајот против поранешните генерален и финансиски директор на „Македонски телеком“, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми, „Маџар телеком” се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од одбраната.

Покрај Сендреи и Плат, обвинети се и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус. Се сомничат дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин ги оштетиле Македонски телеком и Буџетот на Македонија.

Судењето почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство. Сега предметот повторно е вратен на ОЈО.

Следното рочиште за случајот „Маџар-Телеком“ е закажано за 28 ноември.

Поврзани новости