Следува стабилно и суво време – брзината на ветерот ќе се намали

by Fokus

Понатаму следува период на претежно стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена локална облачност. Денес ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени.

Во Скопје и околината ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена локална облачност. Денес ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, додека максималната дневна температура понатаму ќе се искачува до околу 28 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости