Следува продор на потопол воздух од југ

by Фокус

Во текот на денешниот ден, под влијание на потопла воздушна маса од југ времето во државава ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, ќе започне да дува умерен, на некои места повремено до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе започне да дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец, истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 25 степени.

Во петок ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од јужен правец, доцна попладне и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон сабота под влијание на влажен воздушен бран ќе има локални врнежи од дожд. Повремен локален дожд ќе има и во сабота кога ќе има услови и за локална појава на грмежи.

Потоа во недела атмосферата ќе биде постабилна, иако попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости