Следува постепено зголемување на температурите

by fokus

По студениот и влажен воздушен бран кој освен на повисоките услови провејување на снег локално и на пониските места, во текот на следните неколку денови, а особено за викендот ќе имаме пораст на температурите на воздухот и тоа под влијание на потопла воздушна маса од југ. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност, каде токму поради ова ќе остане и нешто постудено. Ќе дува и слаб ветер претежно од променлив правец.

Во текот на утрешната ноќ на крајниот запад од државава не се исклучува можноста за сосема слаб и локален дожд, потоа исто така повремен локален дожд и снег на повисоките планини и тоа претежно на запад ќе има утре попладне и навечер како и во текот на ноќта кон сабота кога ќе се прошират и во другите предели и ќе бидат од локален карактер. Наутро и понатаму ќе биде релативно студено особено утре кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот повторно од -6 до 2 степени, максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 денес и од 5 до 11 степени утре.

За време на викендот пак максималните дневни температури и понатаму ќе бележат тенденција на пораст и во најтоплите региони се очекува истите да се искачат до околу 15, 16 степени со што повторно ќе ги достигнат оние натпросечно високи вредности за овој дел од годината.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости