Следните денови, особено за викендот ПОЗНАЧИТЕЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето

by fokus

Времето денес во државава ќе биде сончево и посвежо со умерена облачност. Во планинските предели не се исклучува можноста за сосема слаб, локален и краткотраен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер и тоа најизразен Долж Повардарието каде ќе биде од северозападен правец, во останатите предели ветерот ќе биде претежно од западен правец. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот од 16 до 23 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 21 степен.

Следува период на претежно стабилно и суво време, исклучок ќе биде утрешниот ден каде локално ќе има повеќе облачност, ќе има услови и за слаб локален дожд.

Следните неколку утра ќе бидат релативно студени кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе бележат тенденција на позначителен пораст, особено за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости