Следната недела ќе биде постигнат договорот за Брегзит?

by fokus

Договорот за Брегзит ќе биде објавен во вторник, откако ден претходно ќе го разгледа британската Влада, тврди уредникот на „Тајмс“ Сем Коутс, повикувајќи се на нацрт агенда за која е разговарано во Лондон.

– Според еден нацрт од агендата за која е разговарано денеска во Вајтхол – „Кабинетот преферира в понеделник“ вели Коутс.

Тој нагласува дека британскиот министер за Брегзит, Доминик Раб ќе има состанок со главниот преговарач од ЕУ Мишел Барние во вторник,  истиот ден кога ќе биде објавен целосниот договор за повлекувањето и дека ќе се разгледува политичка декларација. Според него, премиерката Тереза Меј ќе се обрати в среда во Долниот дом на Парламентот.

Поврзани новости