Славчо Попоски со најнова метео анализа: И понатаму продолжува топлиот ноември со високи температури

by fokus

Нашата држава и понатаму ќе биде под влијание на релативно топло јужно воздушно струење, кое ќе условува натпросечно високи температури на воздухот, кои на повеќе места ќе надминуваат 15 степени, а  во најтоплите региони се очекува да се искачуваат до околу 21 или 22 степени.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе има и повремени послаби локални врнежи од дожд,како и услови за ретка појава на грмежи. Повремено, и тоа особено на истокот, денес врнежите ќе бидат со умерен интензитет.

В сабота на повеќе места ќе има релативно суво време а повторно локално повеќе врнежи се очекуваат во текот на ноќта, сабота кон недела.

И понатаму ќе дува јужен и југоисточен ветер кој повремено на некои места ќе биде засилен по интензитет.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости