Слаб одзив на повикот на Комитите – демонстрантите пред Собрание извикуваат „Бесилка“ за Заев

by Fokus

Бесилка“ за Заев извикуваат демонстрантите пред Собрание, кои на повик на навивачката група „Комити“ излегоа на протест против договорот за името кој денеска беше потпишан меѓу Македонија и Грција во Мала Преспа.

Екипата на 1Тв која е пред Парламентот јавува дека вечерва на повикот се одзвале многу помалку демонстранти, нешто повеќе од стотина, отколку  на првиот протест на Комититите во средата.

Се пеат патриотски песни, се извикуваат пароли  со погрдна содржина.

ФОТО: 1ТВ

Поврзани новости