Скромна новогодишна прослава во Центар, Општината нема да троши пари за тоа

by fokus

Откако во Град Скопје одлучија да го откажат новогодишниот пречек на плоштад и парите да ги донираат во хуманитарни цели, истото реши да го направи и Општина Центар. Градоначалникот, Саша Богдановиќ денеска изјави дека нема да се трошат пари за тоа, туку предвидениот износ ќе биде пренаменет за зголемување на чистотата и социјална помош.

Од Општината информираат дека со помош на спонзорства, жителите на Центар, но и сите други граѓани, ќе можат да ја дочекаат Новата Година со македонски пејачи, без класична бина, сите заедно на Сквер Јадран.

За пречекот на 2018-та година беа предвидени шест милиони денари.

Поврзани новости