Скопските градоначалници не се чувствуваат обесправени поради помошта од половина миолион евра за Арачиново

by fokus

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и дел од градоначалниците од другите скопски општини не се чувствуваат обесправени откако вчера Владата одлучи да ѝ додели половина милион евра на Општина Арачиново како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради ковид кризата.

Тие велат дека ваквата помош е добра, а нивните општини конкурирале со свои проекти и за дел добиле владина помош.

-Во тек е целосна разработка на проектите коишто градот и општините од градот ги имаат доставено до Владата со цел централната власт да ја помогне локалната власт и да изврши финансирање на определени проекти. Нема обесправени општини во смисла на тоа што добиваат фискална или материјална помош од централната власт, а предизвикана пред се заради скратените буџетски приливи во нашите буџети од ковид кризата. Јас очекувам дека владата многу брзо ќе излезе со целиот тој концепт, рече Шилегов.

На иста линија со него се и градоначалниците на скопските општини, Центар, Карпош и Чаир и велат дека ваквата помош е за доброто на граѓаните.

Градоначлникот на Карпош, Стефан Богоев, рече дека таква помош добро би им дошла и на нив, меѓутоа не се обесправени затоа што вчера на седница на Владата се распределувале пари пренеманети од изградбата на карго аеродормот.

– Ние како Општина Карпош аплициравме со проекти и добиве горе – доле толкава сума. Тие проекти се реконструкција на плочникот во Порта Влае и изградба на улица во Долно Нерези. Вкупната вредност е слична колку што добила Општина Арачиново, изјави Богоев.

Последната помош што Општина Чаир ја добила од Владата изнесувала 62 милиони и ќе ги користат за решавање на секојдневни проблеми со кои се соочуваат граѓаните од општината.

– Вчера ние аплициравме со проекти кои што ни се неопходни за нашите сограѓани, односно од финансиските определби од ТАВ ние добивме 62 милиони денари. Недалку од овде, 200 метри од лева страна ја имаме населбата Серава, каде летно време нашите сограѓани немаат вода за пиење, а се наоѓата во старото градско подрачје. Тие средства ќе се користат за таа населба, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, истакна дека кога тие добиле проекти во износ од 800 илјади евра никој не реагирал, така што тој смета дека секоја општина има одредена специфичност.

-Ние сме аплицирале за проекти за канализација, за обнова на училшта и градинки. Така да секоја општина со има свои приоритети. Владата е тука, зависно од местото каде што се наоѓа општината да излезе во пресрет на одредени барања. Ние како урбани општини имаме подобри приходи и повеќе можности за одредени работи. Општина Центар која беше заборавена изминатите 13 години, сега има огромна подршка од владата. Само од едно земјиштето кој што ни ја додели владата Општина Центар, има инкасирано 2 милиони евра. Тоа е разликата, изјави Богдановиќ.

 

Поврзани новости