Скопски угостител: Нема да ги отпуштам моите вработени, по цена и да пропаднам!

by Fokus

Со пандемијата на корона вирусот во Македонија, голем дел од угостителските работници останаа без работа, откако со засилените мерки беа затворени сите угостителски објекти.

Сопственикот на ресторанот „Мал Алтан“ на влезот на старата скопска чаршија, Горан Блажевски направи потег за почит, откако соопшти дека нема да ги отпушти неговите вработени, па дури и бизнисот да му колабира.

Jas GORAN BLAZEVSKI SOPSTVENIK NA MAL ALTAN MOITE VRABOTENI NE GI OTPUSTAM PO CENA I FIRMATA DA PROPADNE JAS LUGJETO…

Publiée par Горан Блажевски sur Mardi 7 avril 2020

„Јас, Горан Блажевски, сопственик на „Мал Алтан“, моите вработени не ги отпуштам по цена и фирмата да пропадне. Јас луѓето ги ценам а посебно пошто знам како е да немаш и така да, ако треба, ќе делам на пола. Моите вработени ќе имаат поддршка целосна од мене и мојата фамилија“, напиша тој на својот профил.

Поврзани новости