Скопски градски фестивал на плоштад, ама со ограничен број на влезници

by fokus

Вечерва на плоштадот Мајка Тереза во Скопје ќе се одржи првото издание на Скопски градски фестивал.

На фестот ќе биде прикажана музичката комедија ,,Телефонот”, а етно составот ,,Баклава” ќе го прослави јубилејот, 15 години на сцената.

Поп пејачката Биба Додева пак, ќе има концертна промоција на музичкиот албум ,,Незаборавни”.

Свој настап ќе има и пијанистот Бобан Мирковски, како солист кој ќе ги изведе композициите „Рапсодија во сино“ (George Gershwin) и „Атараксија“ (Љупчо Мирковски), а ќе настапи под диригентска палка на Љупчо Мирковски во придружба на Биг Бенд.

И покрај тоа што настанот ќе се одржува на отворено, на плоштад, организаторот Баги Комуникации информира дека се пуштени ограничен број на влезници, со цел да се запазат мерките за заштита од вирусот. Истите се продаваат онлајн, по цена од 200 денари. Фестивалот има поддршка од Град Скопје.

Вики Клинчарова

Поврзани новости