Скопје се разбуди во магла и смог

by fokus
фото: Ново Лисиче, пред нас е ФФМ

Густа магла утринава го покри Скопје поради што е намалена видливоста, а отежнато е и движењето во сообраќајот. Температурата се движи околу еден степен над нулата.

Загаденоста е и понатаму критично висока. Утринава во најзагадената скопска населба, Ново Лисиче, концентрацијата на ПМ10 честички е до 300 микрограми на метар кубен, во Центар е 315, во Карпош 212, а Гази Баба 261 микрограми на метар кубен.

Во Скопје денеска се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Температурата ќе се движи до 11 степени.

Поврзани новости