Скопје се подготвува за маратонот

by fokus

Скопје се подготвува за јубилејното, 15-то издание на Виз Ер Скопски маратон, кој ќе се одржи на 4-ти мај (сабота) 2019 година.

Од организацијата информираат дека сите заинтересирани кои ќе се пријават до утре, 31-ви март, ќе добијат маица во стартниот пакет, а исто така, тоа е и краен рок за оние кои сакаат името да им биде испишано на стартниот број.

Скопски маратон со тек на годините станува се попопуларен и се зголемува бројот на тркачи. Првата година се пријавиле 1.249 лица, додека минатата година беше надмината бројката од 10.000 учесници.

Бројот на учесници од други земји исто така е во пораст, и првата година имало тркачи од 22 земји, додека пак лани дури од 58 земји од светот.

За 15-то јубилејно издание тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Град Скопје, посочи дека штафетниот маратон ќе биде со име „Штафетен маратон – ЕУ за спорт“ под покровителството на ЕУ. Ќе бидат организирани бесплатни групни тренинзи.

Виз Ер Скопски маратон е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт. Поради претседателските избори, годинава маратонот е поместен, и наместо како во минатото, традиционално во недела, ќе се случи во сабота.

Вики Клинчарова

Поврзани новости