Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот

by Fokus

Сараево од утринава е број еден во светот по загаденост на воздухот, покажуваат податоците на веб-страницата IQAir. 

На табелата во живо – индексот на загаденост на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина е 190, додека Мумбај е втор со 181.

Што се однесува до Скопје, главниот град на Македонија е на „солидното“ осмо место во светот, откако индексот на загаденост на воздухот е 161.

Дури четири  града од Балканот утрово се меѓу најзагадените во светот ,Сараево, Загреб, Скопје и Приштина.

Поврзани новости