Скопје дише ПМ10 честици и во новата година, најзагадено во Лисиче

by fokus

Висока аерозагаденост во двата дена од новата година регистрираа мерните станици низ Скопје. Највисоките вредности на ПМ10 честичките се измерени во Лисиче – 629 микрограми на метар кубен.

Утринава најзагаден е воздухот во Лисиче со 264 микрограми честици на метар кубен, Карпош со 231, и областа околу Ректорат со 281 микрограми.

Новата година почнала со вредности од 152 во Центар, 221 кај Ректорат, 241 во Гази Баба, 245 во Карпош до 473 микрограми на метар кубен во Лисиче.

Во Центар на 1 јануари концентрациите се движеле од 101 до 352, во Гази Баба од 110 до 418, во Карпош од 107 до 447, во Лисиче од 161 до 556 и кај Ректорат од 125 до 415 микрограми на метар кубен.

 

Поврзани новости