„Скопје 2014“ сѐ уште јаде народни пари, дополнителни 350.000 евра за барокната зграда зад МНР

by fokus 12:45
12:45

Изградбата на барокната зграда, лоцирани зад Министерството за надворешни работи, во која треба да биде сместена државна администрација, поскапе за дополнителни 350.000 евра. Нејзината изградба започна пред три години, а според објавените договори на Бирото за јавни набавки, досега е предвидено да се потрошат 10,3 милиони евра.

Потребата од дополнителните 350.000 евра е оправдена со изговорот дека излегле непредвидени градежни работи.

- Advertisements -

-Изведба на непредвидени градежни и инсталатерски работи за изградба на објект Државни институции ГП 7.1.1 ДУП Централно градско подрачје на Град Скопје-Мал Ринг во Скопје кои претставуваат нови, недоговорени работи и тоа од фаза водовод и канализација – недостасуваат водомери, вентили и дренажни цевки, од фаза електротехника и електрични инсталации – во делот на електроенергетски развод, главни разводни табли и напојни кабли, перфорирани кабел канали за водење на напојни кабли и проводници, катни разводни табли, електрични инсталации за осветлување, за приклучоци, за напојување и управување со термотехничка опрема и структурни компјутерски мрежи и од фаза машински инсталации – во делот инсталации во машинска сала, топлинска подстаница и темели на чилери, пишува во објавениот договор на Бирото за јавни набавки.

Инвеститор на овој објект е Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, а изведувач е компанијата „ДЕКОН-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје“.

В.В.

 

Поврзани новости