Скопјанка со тешки повреди откако паднала во автобус на ЈСП

by Fokus

Патничка од Скопје во автобус на ЈСП вчера се здобила со тешки телесни повреди откако паднала на второто ниво во автобусот.

Во СВР Скопје, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, во 12:20 часот било пријавено дека на булевар „Свети Климент Охридски“, во моментот на отпочнување со движење на автобусот на ЈСП од автобуска постојка, управуван од Д.К.(55) од Скопје, на второто ниво во внатрешноста на автобусот паднала скопјанката М.Ј.(77).

Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости