Скопјанка нападната од нејзиниот пријател

by Fokus

Триесет и тригодишната Е.С. од Скопје синоќа билa донесенa повреденa во Ургентниот центар во Скопје.

Како што соопшти МВР, со Е.С. бил извршен разговор во кој изјавила дека истиот ден, околу 20 часот на паркинг во Скопје, додека била во нејзиното возило заедно со нејзиниот пријател С.Т.(46), тој во еден момент физички ја нападнал.

Случајот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи-Скопје од Ургентниот центар. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости