Скопјанка нападнала полицајци по спортски натпревар

by Fokus

Синоќа биле приведени две лица по спортски натпревар во салата „Јане Сандански“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 06.02.2023 во 22.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(50) и 19-годишната С.С., двајцата од Скопје. По завршување на спортски натпревар во салата „Јане Сандански“, М.С. се однесувал агресивно кон полициски службеници, а С.С. физички ги нападнала додека извршувале службени дејствија“, велат од МВР.

Поврзани новости