Скопјанка хоспитализирана откако со автомобил удрила во неколку паркирани возила

by Fokus 12:45
12:45

Жена од Скопје се здобила со тешки повреди откако вчеравечер со својот автомобил удрила во неколку паркирани возила во Скопје.

„На 18.01.2021 во 20:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓурчин Кокале“, во Скопје, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(35) од Скопје, удрило во неколку паркирани патнички возила – „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Ј.(33), „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Н.(28), „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Л.И.(63) и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.И.(32), сите од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.  Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, соопштија од МВР.

- Advertisements -

Поврзани новости