Скопјани утринава дишат ПМ честици и до пет пати над дозволеното

by fokus

Висока загаденост регистрираа мерните станици во Скопје утринава. Најзагадено е во Ново Лисиче каде концентрацијата на штетните ПМ10 честици е пет пати над дозволеното.

Жителите на Скопје неколку дена по ред дишат загаден воздух. Според мерењата на Министерството за животна средина највисоко ниво на ПМ10 честички во текот на ноќта е измерено во Лисиче, каде што изнесувале  527 микрограми.

И на другите мерни станици се измерени високи концентрации. Во Карпош максималната концентрација достигнала 213, Гази Баба 326, Центар 348 а кај Ректорат 376.

Итните мерки што Владата ги усвои пред повеќе од еден месец стапуваат во сила во случај кога во два последователни денови на две мерни станици ќе се измерат концентрации од над 200 микрограми.

Поврзани новости