Скопјани се истепале со стаклени шишиња во кафеана

by Fokus

Три лица од Скопје ќе добијат соодветна казна затоа што пред три дена физички нападнале малолетници во Скопје во угостителски објект, велат од МВР.

„Денеска (31.01.2023), полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршиле службен разговор со А.В.(18), А.Л.(18) и С.Л.(48), сите од Скопје. Тие се сомничат дека на 28.01.2023 во угостителски објект на улица „Румена Хаџипанзова“ во Скопје физички нападнале четири малолетници од Скопје, при што употребиле и стаклени предмети. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.

Поврзани новости