Скопјани протестираа за чист воздух и порачаа: Удобноста на вашите га*ови, вреди дупло повеќе од нашите животи!

by Fokus

По високозагадениот воздух, граѓаните на Скопје денеска се собраа на протест пред Инспекторатот на Град Скопје.

Тие го искажаа незадоволството од негрижата на градот во врска со воздухот, нешто што се повторува речиси секоја година во зимските месеци.

„Ставете налепници на тешката индустрија“, „Не можам да дишам!“, „Чист воздух, здрави деца“, „И ти го дишеш истиот воздух“, се само дел од пораките кои ги испратија скопјани кон надлежните за овој проблем.

Присутните побараа казни и контроли на индустриски објекти кои не воспоставуваат еколошки стандарди. Исто така, тука го потенцираа и проблемот со автомобилите, работата на депонијата „Дрисла“, зеленилото на Скопје, гасификацијата на градот.

Фотографија – Радио МОФ

Поврзани новости