Скопјани останале и без пари и без огревно дрво

by fokus

Брачен пар од Скопје останал и без пари и без огревно дрво, откако биле мета на измамник, кој им ги собрал парите а не им ги донел ветените дрва.

-На 09.06.2018 година В.И.(66) од Скопје, пријавила дека на 08.06.2018 година околу 18,00 часот непознат сторител дошол на улица “Црногорска” каде пријавителката седела со нејзиниот сопруг Л.И. и им понудил огревни дрва по цена од 2.300 денари по метар кубен. Пријавителката отишла до банкомат да извади пари, а нејзиниот сопруг со сторителот се упатиле по дрвата при што по патот сторителот му рекол на Л.И. да почека на последна постојка на “5-ка“ каде ќе го донесе комбето со дрва и заминал. На улица “Ѓорче Петров” сторителот ја пресретнал пријавителката и и ги земал парите 12.000 денари при што и кажал дека дрвата се во нивниот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, информираат од МВР.

Поврзани новости