Скопјани мамеле охридски пензионери, им нуделе лажно злато и им земале по 2.000 евра

by fokus

Против двајца скопјани на возраст од 72 у 63 години е поднесена кривична пријава за „измама“. Скопјаните со иницијали Т.С. и З.Г. мамеле пензионери од Охрид нудејќи им лажно злато, по цена од 2.000 евра. Измамата ја вршеле така што тврделе дека им се потребни итно пари затоа што доживеале сообраќајна несреќа.

„На 27 октомври оваа година на улица „Марко Цепенков” во Охрид,  пријавените го пресретнале Б.Ј.(81) од Охрид и со намера да стекнат противправна имотна корист, го довеле во заблуда  и лажно му прикажале дека направиле сообраќајна незгода. Потоа му покажале часовник кажувајќи му дека е златен  и му побарале 2.000 евра при што оштениот прифатил замена. На 30 октомври годинава на улица „Питу Гули” пријавените му пристапиле на К.Г.(77)  од Охрид и на истиот начин, за случена сообраќајната незгода, го довеле во заблуда и му зеле 2.000 долари во замена за наводни златни предмети. Со извршувањето на казнените дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 220.000 денари“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости