Скопјанец пет пати прободен во стомак во Чаир

by Frosina Fakova

Скопјанец на возраст од 31 година вчера бил донесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ со пет повреди во стомакот. Според информациите од МВР, скопјанецот бил повреден во угостителски објект на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир.

-Вчера во 21:08 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски” било пријавено дека кај нив со повреди во неконтактибилна состојба бил донесен Е.Ј.(31) од Скопје. Дежурниот доктор констатирал дека повредениот се здобил со пет убодни рани во пределот на стомакот. Според добиените информации, Е.Ј. бил повреден во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Поврзани новости