Скопјанец застрелан од возило во движење по претходна тепачка

by fokus

Вчера околу 20:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во с.Студеничани,скопско, бил пронајден со повреди од огнено оружје Е.Ш.(28) од с.Марино-скопско.

Тој бил застрелан со повеќе истрели од огнено оружје од лицето К.А.(41) од с. Студеничани од возило во движење. На настанот му претходела тепачка меѓу двајцата. Е.Ш. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости