Скопјанец загина откако излетал од пат со автомобил кај Катланово

by fokus

72-годишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа откако со своето патничко возило излетал од пат кај село Катланово, пренесуваат од МВР.

„На 25.12.2018 година во 17,00 часот на локалниот пат село Петровец, Катланово, на самиот влез во село Катланово Г.М.(72) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот Г.М. починал. Извршен е увид на местото на настанот.“

Поврзани новости