Скопјанец пронајден мртов во неговиот автомобил

by fokus

Маж на возраст од 56 години вчера бил пронајден мртов во неговиот автомобил на паркинг од хотел во Скопје.

Од МВР соопштија дека од Итната медицинска помош било пријавено дека на паркингот од хотел во Скопје во неговото патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици бил пронајден починат  Ј.К. (56) од Скопје.

Од страна на лекар била констатирана смрт. Бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на судска медицина за обдукција.

Поврзани новости