Скопјанец прободен со нож во градите пренесен на Клинички

by fokus

Полицијата синоќа во 23.30 часот добила дојава дека на булевар „Јане Сандански“ имало две повредени лица од кои едното било прободено со нож.

„Повредените  се Т.П. (28) и Д.П.(28) од Скопје. Д.П. со остар предмет е прободен во пределот на градниот кош и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости