Скопјанец пријавен за силување на малолетна ќерка на негов колега

by fokus

Жена од скопско село вчера пријавила дека колега на нејзиниот сопруг ја силувал нејзината малолетна ќерка.

-На 19.07.2021 во 10.45 часот во Полициското одделение Петровец, 36-годишна жена од скопско село пријавила дека во текот на јули 2020 А.А., колега на нејзиниот сопруг, извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Како што е пријавено, пред еден месец тој повторно се обидел да изврши обљуба врз малолетничката, но родителите за овие настани дознале отпосле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости