Скопјанец повреден од залутан куршум

by Fokus

Синоќа кај местото викано „Бавчи“ момче од Петровец било повредено од залутан куршум, пренесуваат од Министерството за внатрешни работи.

„На 04.07.2021 во 22.11 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош е донесен Х.С.(20) од с.Петровец, скопско, кој на местото викано „Бавчи“ бил повреден од залутан куршум. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости