Скопјанец паднал од дрво, почина во болница

by Fokus 11:36
11:36

Осумдесет и седумгодишен маж починал ноќеска на КАРИЛ, откако претходно паднал од дрво, информираа од МВР.

Според полицијата, 87-годишниот К.М. од Скопје вчера околу 15 часот бил донесен во Ургентниот центар откако паднал од дрво додека берел јаболки.

- Advertisements -

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Поврзани новости