Скопјанец опожарил три куќи во обид да си го потпали шпоретот

by fokus

Три куќи биле синоќа опожарени на улицата „Вера Радосавлевиќ“ во Скопје. До пожарот дошло кога П.И.(79) го потпалувал својот шпорет, и од невнимание дошло до опожарување на дел од собата.

Потоа од огинот била зафатена и кровната конструкција. Огнот се проширил и на соседните две куќи сопственост на Т.Т. и Б.Т.

Со возило на Итна медицинска помош Б.Т. бил пренесен во Одделот за токсикологија во Клинички центар за укажување на лекарска помош. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран.

Поврзани новости