Скопјанец ограбил обложувалница со службеното возило на фирмата во која работел

by fokus

Против 27-годишен скопјанец е поднесен обвинителен акт за кривично дело „разбојништво“ затоа што на 10-ти септември годинава ограбил обложувалница на улицата „Благоја Стефковски“. При тоа 27-годишникот одзел 21.760 денари од касите на уплатно-исплатното место, 138.020 денари кои се наоѓале во ВЛТ апаратите, како и 24 исплатени тикети со вкупна сума од 55.283 денари.

Како што соопштија од Обвинителство, грабежот го сторил со службено возило на фирмата во која работел како дистрибутер.

„Дошол до спортска обложувалница на ул. „Благоја Стефковски“. Го паркирал возилото во непосредна близина на обложувалницата, со нож во раката влегол внатре и се заканил на еден вработен и на уште едно лице кое во тој момент се наоѓало во објектот. Откако го извршил разбојништвото, со возилото го напуштил местото и се упатил во правец на населбата Хиподром“, велат од таму.

Со Решение на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје на обвинетиот му е определена мерка куќен притвор, а јавниот обвинител заедно со обвинителниот акт доставил и посебен предлог за продолжување на оваа мерка.

Поврзани новости