Скопјанец на паркинг прегази 10-годишно дете на точак

by fokus

10-годишно детенце на велосипед било прегазено од „голф“ со скопски регистарски ознаки на паркинг пред зграда во Скопје на улицата „Босна и Херцеговина“. Настанот се случил вчера попладне околу 14.00 часот.

Со „голфот“ управувал 47-годишниот скопјанец А.И. Детето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот, велат од полицијата.

Поврзани новости