Скопјанец ја запалил својата 88-годишна мајка

by Fokus

Вчера попладне, 88-годишна старица била нападната со нож и запалена од нејзиниот син, кој бил лице со психички здравствени проблеми, пренесуваат од МВР.

„На 21.02.2020 во 16,23 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода го лишиле од слобода В.С.(47) од Скопје, инаку лице со психички здравствени проблеми, бидејќи било пријавено дека околу 15,40 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ тој со нож физички ја нападнал неговата мајка А.С.(88) од Скопје нанесувајќи и повреди, а потоа ја запалил, но пожарот бил изгаснат од соседите. Со возило на итна медицинска помош А.С. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Од местото на настанот е подигнат ножот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости