Скопјанец ја полеал куќата со бензин и ја запалил, изгорела до темел

by fokus

Скопјанец, во текот на вчерашниот ден, од засега непознати причини, ја полеал сопствената куќа со бензин, а потоа ја запалил. Огнот за кратко време се проширил, поради што куќата целосно била опожарена.

Како што информираат од МВР, случајот во полиција го пријавила сопругата на пироманот Н.М., која раскажала дека околу 14.30 часот сопругот ја запалил куќата. Оттаму најавуваат дека денес ќе биде извршен увид на лице место.

Поврзани новости