Скопајнец изгубил контрола врз автомобилот и се превртел

by fokus

Вчера околу 12:30 часот на регионалниот во близина на крстосницата село Црничани – Богданци, А.С.(29) од Скопје управувајќи товарно моторно возило „Фиат Добло Карго“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, коешто излегло надвор од коловозната лента и се превртело.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.С., кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Гевгелија е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” Скопје на понатамошно лекување, додека сопатникот Д.П.(33) од Скопје, се здобил со телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости