„Сканија“ удри во стара наплатна станица и се преврте

by Fokus

Синоќа по 22 часот се случила сообраќајна незгода, откако „Сканија“ удрила во стара наплатна станица и се превртела, пренесува МВР.

„На 17.05.2019 година во 22.15 часот на Неготино-Велес, на стара наплатна станица „Градско“ која веќе не е во функција, влекач „Сканија“ со велешки регистарски ознаки  и полуприколка „Гоша“,  управуван од Б.Ј.(59) од Богданци, удрило во бетонски ѕид од наплатната станица и се превртел на коловозот. Во незгодата со повреди се здобил возачот и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес“, информира МВР.

Фото – Ѕид на сообраќајниот срам

Поврзани новости