СЈО заврши со 13 истраги, се чека до 30-ти јуни за крајниот исход

by fokus

Од вкупно 20 започнати истраги на Специјалното јавно обвинителство до петокот се завршени 13. Меѓу овие се најдоа истрагите: „ТНТ“, „Титаник“, „Тврдина“, „Труст“,„Тортура“, „Тенк“, „Триста“, „Траекторија“.

Од СЈО не дадоа информации за тоа колку вкупно обвиненија може да се очекуваат до крајот на месецов, кога завршува законскиот рок за поднесување обвиненија.

По завршувањето на истрагите ќе следи повторно свикување на распит на сите осомничени во предметите, како и прибавување нови докази кои би можеле да фрлат ново светло на понатамошниот тек на случаите, се до фазата во која ќе следи поднесување обвиненија.

Сепак, за да се види крајниот исход од овие истраги, треба да се почека до триесетти јуни, кога истекува мандатот на Специјалното јавно обвинителство.

Информациите дека до овој датум СЈО би можело да поднесе петнаесеттина обвиненија засега остануваат само очекувања и непотврдени шпекулации.

Поврзани новости