СЈО засега нема да бара изземање на „сваровски судијката”

by fokus 17:30
17:30

Специјалното јавно обвинителство засега нема да бара изземање на Лидија Петровска, која е една од избраните судијки што ќе треба да ги водат обвинителните акти кои минатата недела ги поднесе СЈО.

Од СЈО во изјава за Мета велат дека ќе почекаат да почне судењето па ќе одлучат што ќе прават.

Лидија Петровска беше спомената во една од „бомбите“ што лани ги објави СДСМ, во разговор воден меѓу судијката Софија Лаличиќ и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, во кој се тврди дека Петровска работното место го добила со купување подароци од брендот „Сваровски“ за претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова.

Набрзо по објавување на „бомбата“, Неделкова тврдеше  дека таа не добивала подароци од никого, најмалку Сваровски кристали, велејќи „повеќе сум љубител на бисери, отколку на Сваровски“.

Другата судијка Татјана Михајловска беше истражна судијка во случајот „Ликвидација“, во кој на 4,5 години затвор беше осуден новинарот Томислав Кежаровски.

Неофицијално, судијката Михајловска ќе го работи случајот со насилството во Општината Центар, а Петровска го доби случајот со уништувањето на документите поврзани со опремата за прислушување.

Поврзани новости